Пет млади лица ќе одговараат за преземање на туѓ фејсбук профил

by fokus

Пет лица на возраст помеѓу 21 и 24 години ќе одговараат за упадот што во февруари годинава го извршиле на туѓ фејсбук профил. Тие ја влегле на фејсбук адресата на оштетениот по претходен договор и го презеле профилот.

Против двајца од осомничените е покрената кривична пријава за „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, а против тројца за сторечно кривично дело „соизвршителство”. Тројца од осомничените се од куманово, еден од Велес и еден од Старо Нагоричане.

Според полицијата на 27.02.2017 година, Ј.Д.(21), по претходен договор со А.Д. (22), на телефонски апарат на оштетениот го забележала потребниот код за почнување постапка за преземање на нечиј профил. Кодот го пратила на А.Д., кој заедно со В.И. и Н.Т.  ја продолжиле постапката за преземање на фејсбук профилот. Откако телефонски ги добиле потребните кодови од страна на М.И., А.Д. ги внел на предметниот фејсбук профил, по што профилот бил преземен.

Поврзани новости