482
Најмалку пет луѓе починале денеска во Софија како последница високите температури во бугарската престолнина,соопштија службите за вонредни состојби на Бугарија.
Меѓу настраданите е и 75 годишен маж, кој отишол да џогира во градскиот парк, но му се слошило, паднал и починал на лице место.
Како што се наведува, 178 луѓе денеска колабирале заради високите температури во Софија, каде што температурата се приближи до 40 степени.