Три лица загинаа во сообраќајка на патот Велес – Штип

by fokus

Три лица загинаа, а едно е повредено во сообраќајна несреќа која се случила на регионалниот пат Велес – Штип кај местото „Црна точка“.

Според информациите на полицијата, несреќата се случила во 19.45 часот при судир на два „голфа“. Во едното возило со кумановски регистарски таблички се наоѓале четири лица од кои еден маж, две жени и едно дете. Мажот и една од жените починале на лице место, другата жена починала откако била префрлена во Медицинскиот центар во Велес, додека детето е префрлено во Ургентниот центар во Скопје.

Поврзани новости