522
Пет лица се повредени во судир помеѓу „ауди“ и „опел мерива“ вчера во 19.35 часот на на магистралниот пат Охрид-Кичево.
Со „аудито“ управувал 36-годишниот И.Б. од Мешеишта, а со другото возило со скопски регистарски ознаки, управувал 41-годишен скопјанец. Освен возачите со тешки телесни повреди се здобиле и сопатниците во двете возила.
Тие биле пренесени и задржани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, а по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.