ФОТО Кавадарчани на столчиња си ги чуваат паркинг местата

by fokus

Кавадарчани континуирано се жалат дека недостига место за паркирање. Коментираат дека има семејства со повеќе автомобили и дека редовно, дури и за на кафе, на мала оддалеченост, се оди со автомобил, пренесува МИА.

Според фотографијата жителите на овој град се принудени на драстични мерки. За да имаат каде да го паркираат своето возило, мораат секојдневно да си ги чуваат паркинг местата седнати на столчиња среде паркиралиштето.

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев најавува решавање на проблемот со истовремено работење на обезбедување на повеќе паркинг места и систем на зонско паркирање.

– Ние имаме комплетен план и стратегија околу овој проблем. Таа одлука не е случајна. Во кординација со советниците имавме неколку отворени дебати и ги разгледавме сите можности, сите опции за најдобро за градот и за граѓаните, информира градоначалникот за МИА.

Открива дека имаат план за изградба на два катни паркинга и еден подземен во делот на градскиот парк.

 

Поврзани новости