Пет лица од Скопје приведени поради марихуана

by fokus

Во текот на вчерашниот ден и доцна утрово, полицијата привела пет лица од Скопје поради тоа што кај нив била пронајдена марихуана.

„На 17.09.2019 во 22.55 часот полициски службеници од СВР Скопје, на ул.„Јордан Мијалков“, го привеле Д.Р.(25) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.09.2019 во 21.30 часот полициски службеници од СВР Скопје, на ул.„Перо Наков“, го привеле Н.Т.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 18.09.2019 во 04.20 часот полициски службеници од СВР Скопје, на бул.„Трета македонска бригада“ ги лишиле од слобода А.Н.(33) и М.А.(21), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 18.09.2019 во 03.30 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба го привеле Ф.В.(19) од Скопје, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

Поврзани новости