425
Здружението Фолклорна група „Копачка“ од делчевското село Драмче денеска ја одбележа петгодишнината од впишувањето на орото „Копачка“ на Репрезентативната листа на нематеријалното културно наследство на УНЕСКО.
Одбележувањето почна со посета на Спомен-собата на Дедо Митко, долгогодишнен ороводец на ФГ „Копачка“ кој живеел во Белчанското Маало во село Драмче, каде првпат била изведена Копачката, а продолжи со дефиле на учесниците на настанот низ улиците во центарот на Делчево.