494
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија ќе ја прекине офанзивата во Украина кога украинските власти и армијата ќе капитулираат.
-Украинската страна може да го прекине конфликтот за само еден ден. Треба да им нареди на националистичките единици да го положат оружјето, да им нареди на украинските војници да го положат оружјето и да ги спроведат сите услови дадени од Русија. Тогаш сè ќе биде готово за еден ден – изјави Песков.
Тој додаде дека Русија не поставила никаков фиксен рок или датум и дека се ориентира според изјавите на нејзиниот претседател.