Песков: Европејците одат на сè или ништо, го разбираат ризикот од целосен колапс на Украина

by Fokus

Западните земји намерно охрабруваат ескалација на конфликтот бидејќи го разбираат ризикот од целосен колапс на Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Како што рече, провокативните изјави на западните политичари претставуваат намерна ескалација на тензиите.

„Европејците одат на се или ништо, гледајќи дека ситуацијата брзо се менува на штета на Украинците. Затоа ја преувеличуваат оваа ситуација“, истакна тој во интервјуто со Павел Зарубин, новинар на Руската државна телевизија.

Песков потсети на двосмислените изјави на западните политичари во последните месеци и како пример ги наведе зборовите на францускиот претседател Емануел Макрон, кој „се почесто дава изјави за потенцијалното распоредување на западните трупи во Украина“.

Тој ја спомена и изјавата на британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, кој рече дека официјален Лондон не се противи на украинските удари на руска територија со британско оружје, пренесува „Спутник“.

Песков, исто така, предупреди дека Русија постојано нагласува дека директното вклучување на западните земји во конфликтот во Украина е опасно поради неконтролираната ескалација на конфликтот.

Поврзани новости