Пешевски: Политиките и одлуките се носеа во ВМРО-ДПМНЕ и потоа се спроведуваа преку Владата

by fokus

Поранешниот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски во вечерашното гостување на телевизија 21 откри дека во времето на власта на Никола Груевски често политиките се носеле во ВМРО-ДПМНЕ, а потоа преку Владата се спроведувале.

-Јас влегов во Владата на Груевски како непартиски член. Но, увидов дека е многу тешко да се функционира доколку не сте дел од партија, особено зашто во ВМРО-ДПМНЕ имаше многу активна внатрепартиска динамика и често се случуваше одлуки и политики да се носат во партијата и потоа да се спроведуваат преку Владата. Јас во тие ситуации се наоѓам затекнат. Поради тоа станав член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за да можам да присуствувам на тие седници, рече Пешевски.

 

Поврзани новости