943
Македонскиот ракометен репрезентативец, Жарко Пешевски го продолжи договорот со бундеслигашот Штутгарт, па и наредната сезона ќе го носи дресот на германскиот клуб.
Робусниот пивотмен имаше добра сезона зад себе, а челниците на клубот решија да го задржат во своите редови уште една сезона.
„Среќни сме што успеавме да задржиме четири играчи. Продолжувањето на договорите е значаен напредок, затоа што сакаме да продолжиме по патот на успехот“, велат од клубот.
Фото – РК Штутгарт