Пешевски: надворешниот фактор нема да си поигрува со Македонија

by Фокус

Неодговорното раководство на СДСМ, со своите постапки, свесно ги загрозува односите со Кина, светска економска велесила,изјави на собирот во Штип Владимир Пешевски.

„Се собравме овде, да им кажеме дека нивната стратегија, и на оние од надвор, нема да им успее“, рече Пешевски, говорејќи за намерите на опозицискиот СДСМ со презентирањето на т.н. бомби.

Тој смета дека ВМРО-ДПМНЕ и Владата ќе ја задржат стабилноста на земјата.

„Нема надворешен фактор да си поигрува со нашата судбина. Нема потреба да бидете загрижени за вашата и иднината на оваа земја“, рече Пешевски.

Поврзани новости