495
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска ги демантираше информациите дека гласала на денешниот референдум.
-На одредени портали прочитав дека сум гласала на референдумот, тие информации не се точни. Ги демантирам овие информации кои беа објавени во одредени медиуми, изјави за Курир пратеничката Пешевска.
Информацијата дека Пешевска гласала на денешниот референдум ја пренесе истражувачот од „Евротинк“, Андреја Стојковски.