Момчето кое нападна полицајци во Ново Лисиче ќе се гони кривично

by fokus

Ќе се гони кривично момчето кое нападна тројца полициски службеници во дворот на основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче за време на гласањето.

Секторот за внатрешни работи го известил Основното јавно обвинителство за извршеното кривично дело, информираше денеска обвинителот Џелал Бајрами. Нападот, велат од таму, се случил во 9.20 часот, а како што соопшти претходно МВР момчето претходно навредувало граѓани кои излегле да гласаат.

Од Обвинителството информираат дека до нив стигнала пријава од Штип за фотографирање на лица кои гласале. Според информациите од таму, граѓаните биле фотографирани по излегување од избирачките места.

На веб адресата на Обвинителството до сега пристигнале 10 пријави за нарушување на избирачкото право. Дел од нив за фотографирање на гласачи.

Поврзани новости