Пешевска: Министрите кои дозволија рекет и фалц пасоши повторно се во владата

by Fokus

Предлогот на нова Влада е стара песна со нов глас, само со уште послаб хор. Луѓето кои беа во составот на минатата Влада која требаше да биде реформска, не спроведоа ниту „р“ од реформите и беше проследена со низа скандали за кои ја добија казната на локалните избори, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска на денешната собраниска седница на која се дискутира за нова Влада.

-Каква надеж дава власт која е прогласена за хибриден режим и која ги има сите карактеристики на монархија. Граѓаните велат поголем хаос во институциите досега немало како што имаше во овие 4 години, рече Пешевска.

Пешевска додаде дека во оваа Влада се наоѓаат истите ликови чии политики на локалните избори беа поразени. Ова претставува Влада каде формално стои СДСМ, а реално е предводена од ДУИ, потпомогната од триото ЛДП, ДОМ и ДС кои поради сопствениот комодитет поддржуваат Влада на криминал.

Влада која е во селотејп коалиција со партии каде народот ги нарекува човек партија, кои ниту имаат ресурси, ниту пак имаат капацитет. За какво владеење на право или антикорупција се зборува кога пред очите на јавноста се случуваа Рекет, Мафија, Ден Дончев, Рашковски, нарачани судски пресуди, пасоши на нарко босови, Луј Витон торби, кинески провизии итн. Но најодговорните министри за сите овие случаи повторно се во оваа нова Влада, посочи Пешевска.

Пешевска укажа дека  власта ветувала бесплатно здравство по европски терк, а нема ПЦР тестови за граѓаните, нема агенси за мерење на Д-димери, нема спроведено добри протоколи и позитивни шетаат меѓу здрави луѓе.

-Во сфера на образованието наместо дигитализација на учебници и национална платформа од тоа нема ништо, додека апсевте путер, градоначалници  шверцуваа цигари.  За една година од декември 2020 до декември 2021 цената на лебот е покачена за 9,3%, овошјето и зеленчукот за 6,5%, маслото за јадење за 25%, месото за 6%, шеќерот за 9%. И откако цените го постигнаа својот плафон, тогаш се замрзнаа. А платите ја губат трката со цените. Мандатарот најавува дека 60 илјади работни места се спасени, а за истото е демантиран од Агенцијата за вработување која вели дека за една година има пријавено 29 илјади нови невработени. ММФ и Светската банка укажуваат дека продуктивноста на македонската економија опаѓа итн- издвои Пешевска.

 

 

Поврзани новости