581
Пешакот кој денеска беше удрен со автомобил кај трговскиот центар „Капитиол“ во скопската населба Аеродром починал, дознава „Фокус“.
Веднаш по сообраќајката, тој бил пренесен во скопскиот Ургентен центар, каде што им подлегнал на повредите. Возачот побегнал од местото на настанот.
Полицијата во моментот врши увид на местото каде што се случила тешката сообраќајка.