ФОТО Прегазен пешак кај „Капитол“, возачот побегнал од местото

by Fokus

Пред дваесетина минути се случила тешка сообраќајка кај трговскиот центар „Капитол“ во скопската населба Аеродром.

Според информациите на „Фокус“, автомобил удрил во пешак, кој имал 60-тина години и веднаш побегнал од местото на настанот. Удрениот пешак веднаш бил пренесен во болница, но се уште нема информации во каква здравствена состојба се наоѓа.

Поврзани новости