Власта бара опозицијата да не го условува екипирањето на ДИК со амнестија или други закони

by Фокус

Изборот на новиот состав на Државната изборна комисија не треба да зависи од никакви други пакети и други закони, вели министерката за правда Рената Дескоска – Треневска.

Според неа, изборот на членови на ДИК е приоритет кој не треба да се условува со амнестии или други закони, како тие за формирање на техничка влада пред избори или за промена на моделот на финансирање на партиите.

-Ако се одолговлече изборот на ДИК, новиот состав може да се случи да влезе неподготвен во спроведување на референдумот за договорот со Грција – предупредува Десковска – Треневска.

Поврзани новости