567
87-годишен жител на Македонска Каменица со иницијали А.Б. почина на лице место откако бил прегазен со возило марка „мерцедес бенз“ управувано од 40-годишен жител на Кочани.
„На 30.11.2018 година во 15.40 часот на улица „28-ми Август“ во Македонска Каменица, Т.Н.(40) од Кочани, управувајќи патничко возило „Мерцедес бенз“ со кочански регистарски ознаки, удрил во пешакот А.Б.(87) од Македонска Каменица. А.Б. починал на местото на настанот. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Делчево“, соопштија од полицијата.