Металната ограда пред Собрание поместена на средина од улицата, „Македонија блокира“ се заканува дека ќе ја врати на старото место

by fokus

Иницијативата „Македонија блокира“ реагира на тоа што металната ограда пред Собрание е поместена на средина од улицата со што се ограничува просторот на демонстрантите кои секоја вечер излегуваат на протест и го блокираат сообраќајот во центарот на градот.

Од иницијативата велат дека ова го сфаќаат како провокација од министерот за внатрешни работи и се закануваат дека ќе ја вратат оградата на старото место.

„Ја информираме јавноста дека министерот во МВР Оливер Спасовски ја направи првата опасна провокација во врска со денешниот голем Сенароден протест пред Собранието на Република Македонија. Утрово министерот Спасовски дал наредба за првпат во историјата на протестирање пред Собранието заштитната ограда да се постави на самиот булевар со што се узурпира просторот наменет за народот. Го повикуваме Спасовски да ја помести оградата на вообичаеното место пред самото Собрание бидејќи во спротивно не гарантираме за безбедноста доколку народот се доведе во ситуација самиот да ја оддалечи оградата на вообичаеното место“, соопштија од таму.

Поврзани новости