Персоналот на Детската клиника заразен од мајка на дете пациент, која немала симптоми на вирусот

by Fokus

На Клиниката за детски болести во Скопје покрај заразените лаборант и медицинска сестра, заразена и е докторка од имунолошкото одделение, извести денес министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој рече дека сега состојбата на клиниката е стабилна и нема нови позитивни случаи меѓу персоналот.

„Позитивни се лаборант, медицинска сестра и докторка од одделот за имунологија. Според анкетите на епидемиолозите претпоставен контакт е мајка на дете што требало да се прими за терапија на хематоонкологија. По протоколот на Комисијата за заразни болести мајката е тестирана, дома е и таа е асимптоматска“, рече министерот Филипче.

Поврзани новости