Перо Антиќ е избран за старо-нов претседател на Кошаркарска федерација

by Fokus

На денешното собрание во хотелот „Александар Палас“ во Скопје Перо Антиќ беше избран за старо-нов претседател на Кошаркарската федерација на Македонија. Тој ќе ја предводи македонската кошарка уште најмалку 4 години.

Антиќ до „победата“ дојде без противкандидат, доби 40 гласови „за“ и само еден против.

Присутни беа 41 од вкупно 45 делегати.

На функцијата претседател, Антиќ дојде во 2019 година кога го наследи Петар Наумоски. Исто и тогаш немаше противкандидати.

Во неговиот период на чело на федерацијата сменети беа четири селектори – Јорданчо Давитков, Александар Тодоров, Драган Бајиќ, а сега селекцијата ја води Александар Јончевски.

Поврзани новости