Перници, теписи и лустери одземени од домот на Боки 13, покрај брендираната облека

by fokus

На денешното рочиште за случајот “Рекет” се изведуваат материјални докази, кои се предложени од обвинителката Вилма Русковска.

Нејзината колешка Ивана Трајчевска ги читаше доказите, односно датумите кога биле извршени претресите во домовите на обвинетите, како и во СЈО.

Кога обвинителката стигна до доказите за тоа што е одземено од домот на Бојан Јовановски, адвокатот Сашко Дуковски, инсистираше обвинителката да образложи точно што е земено, секое парче облека, а не на пример да рече дека е одземена црна вреќа со капути.

Обвинителката Русковска истакна дека потврдите се направени така бидејќи не можеле веднаш да ги попишат сите парчиња, што било сторено подоцна.

Обвинителката Трајчевска откри дека од домот на Јовановски во Орман, не била земена само гардероба, туку и мебел.

Па така биле одземени неколку маси, перници, лустери, комоди, фотелји, аудио систем, теписони, телевизори, како и уметнички слики.

Судењето е во тек.

В.В.

Поврзани новости