Перформанс пред министерството за здравство, како прекина да чука срцето на Тамара?

by Fokus

Граѓанската иницијатива „Ајде“ денеска организира перформанс пред министерството за здравство за случајот со малата Тамара Димовска, која имаше искривување на рбетот, а почина чекајќи операција во странство.

Според информациите, замислено е 30 до 40 луѓе да застанат пред ресорното министерство во форма на срце, каде на почетокот минута-две ќе се слуша детско отчукување на срце, кое постпено ќе прекине. Целта на овој перформанс е да се изрази револтот кон институциите, кои не преземаа никаква одговорност за смртта на малото девојче, кое досега трипати беше одбивано од лекарските комисии бидејќи чекале отворање на Спинален центар.

За неколку денови, пак на 24 февруари во вторник, група граѓани преку социјалните мрежи се собираат на протест револтирани од смртта на девојчето од Велес, која почина чекајќи го решението од Фондот за здравство, за да замине на операција во Турција, која чинеше само 30.000 евра.

Ваквата вест е објавена на страната „Оставка за Никола Тодоров“, која досега има повеќе од 17.000 поддржувачи. Граѓаните планираат мирниот протест да го започнат од пред Фондот за здравство, а да заврши пред Министерството за здравство каде сите присутни ќе повикаат на одговорност за смртта на 9-годишното девојче, ќе побараат оставка и ќе му дадат црвен картон на првиот човек во здравството.

Поврзани новости