Пеп Гвардиола одмора во Дубровник

by Fokus

Шпанскиот фудбалски тренер и поранешен фудбалер – Хосеп Пеп Гвардиола пристигна во Дубровник.

Дубровнички весник пишува дека тој во градот пристигнал на одмор со семејството.

Гвардиола го посети Дубровник и во 2012 година, кога со приватен авион слета и отиде на обиколка на островот. Тогаш особено се воодушеви од Лопуд и Шипан.

Гвардиола е во брак со Кристина Сера. Тие се венчаа во 2014 година и добија три деца – Марија, Валентина и Мариус.

Пеп Гвардиола моментално раководи со Манчестер Сити.

„Дејли Мејл“ во мај објави дека Шпанецот е под договор со Манчестер Сити до јуни 2025 година, а тоа треба да биде крај на неговата тренерска кариера на „Етихад“.

Челниците на клубот се надеваат на поинаков расплет од приказната, но истовремено стравуваат дека ќе дојде до прекин на соработката.

Тренер е 16 години, а само три години нема освоено титула. Со Манчестер Сити освои се, исто како и претходно со Барселона, додека со Баерн не успеа да ја освои Лигата на шампионите. Се споменуваше можноста за одмор од фудбалот, заминување во Њујорк ФК, но и враќање во Барселона. Последната опција неодамна беше демантирана од самиот Гвардиола.

 

Поврзани новости