Пензионирањето на 64 и 62 години ќе има исклучоци – во приватниот сектор, здравство и високо образование

by fokus

Законот за пензионирање со 64 години старост и 15 години стаж на кој во моментот работи ресорното Министерство ќе важи за сите вработени во јавниот сектор, но ќе остава можност и за исклучоци во реалниот сектор доколку работникот и работодавачот заемно се договорат за продолжување на работниот век. Исклучоци ќе има во здравството, а истото се размислува и за високото образование, најави министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Министерството за труд и социјална политика во моментот работи на законот за пензионирање со 64 години старост и 15 години стаж, додека за најавите за откуп на стаж и предвремено пензионирање допрва ќе се разговара со сите засегнати страни.

– Најавите за откуп на стаж за предвремено пензионирање ќе бидат предмет на една поширока дебата во која ќе бидат вклучени сите чинители на социјалниот дијалог. Тоа е законско решение на кое во моментот не работиме. Ова е прашање кое бара детална анализа. Треба да се направи темелна анализа за тоа кој би изразил желба за да откупи стаж и предвреме да оди во пензија, какви ќе бидат финансиските импликации. Оттука, дебатата за пензионирање со откуп на стаж ќе биде отворена заедно со сите чинители. Никако нема да носиме избрзани одлуки, рече Шахпаска.

 

Поврзани новости