Во акција во Кичево уапсени двајца браќа-дилери на дрога

by fokus

Во полициска акција синоќа во Кичево биле уапсени двајца браќа, дилери на дрога против кои и претходно биле поднесени кривични пријави за агресивно однесување и сериозни закани кон граѓани, полицајци и нивни семејства.

Синоќа во центарот на Кичево било запрено патничко возило „ауди“, во кое се наоѓале двајцата браќа, а при извршениот преглед пронајдени биле пакувања со марихуана, пари и нож.

Во нивниот дом пак биле најдени кокаин, хероин, марихуана, вага за мерење и големи износи на парични средства, за кои постои сомневање дека потекнуваат од продажба на наркотична дрога.

Против нив е поднесена кривична пријава и предлог за определување на притвор.

 

Поврзани новости