63-годишна жена фицички нападнала двајца малолетници во Центар, соопштија од МВР. Од таму не откриваат кои се причините за нападот, информираат само дека настанот се случил околу 17.00 часот и дека по документирање на случајот ќе следи поднесок.
Неколку саати подоцна во Центар се случил уште еден напад. На Плоштад Македонија скопјанец агресивно се однесувал заканувајќи им се на полициските службеници.
„На 29.03.2023 во 21.50 часот на Плоштад Македонија од полициски службеници од Полициската станица Центар бил приведен Б.Г. од Скопје поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, а исто така при извршен преглед кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок“, информираа од МВР.