Пензионерите пред Влада бараат повисоки пензии, ама и оставки од Ковачевски и Тренчевска

by Fokus

Македонските пензионери денеска во голем број дојдоа пред Владата со барање за повисоки пензии.

Тие порачаа ако нивните барања не бидат реализирани, ќе бараат оставка од премиерот Димитар Ковачевски и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Пензионерите бараат 3.500 денари линеарно покачување на сите пензии, а најниската да не биде помала од 18.000 денари. Во спротивно, бараат оставки во Владата.

Министерката Тренчевска завчера најави дека до крајот на месецот очекува конкретни предлози во однос на пензиите, со фокус на пензионерите со ниски месечни примања, а за што изминатиот период заседаваше работната група формирана по првиот протест на пензионерите во Скопје.

 

Поврзани новости