Пенов стана нов министер за локална самоуправа

by Fokus

Собранието со 63 гласа „За“ го избра Ристо Пенов од ЛДП за нов министер за локална самоуправа.

-Констатиран дека Ристо Пенов е избран за министер кој ќе раководи со министерството за локална самоуправа. Дозволете од името на сите пратеници да му честитам за изборот и да му посакам успех во работата, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Во Собранието беа присутни 101 пратеник, а 30 гласаа „против“. Немаше воздржани.

После изгласувањето Пенов даде свечена изјава од собраниските клупи.

 

Поврзани новости