390
15-ти октомври е денот кога ставаме пресек и еднаш засекогаш на оние кои и мислат лошо на Република Македонија им ставаме точка, рече актуелниот и кандидат за иден градоначалник на Неготино, Златко Пенков.
-Повеќе од сигурен сум дека сите вие знаете да го направите вистинскиот избор, а тоа коалицијата за подобра Македонија, кандиатот за градоначалник и советничката листа со број 13. Секогаш имам само една мисла која ме води, граѓаните се пред се, Општина Неготино пред, Република Македонија пред се. Секогаш пред мене стојат две работи, тоа се работни задачи и резултати исполнувајќи ги тие работни задачи во интерес на граѓаните на Општина Неготино, рече Пенков.