Груевски од Неготино за СДСМ: Ќе донеле воздух, што се тие, биоенергетичари ли се?

by fokus

Во Неготино во тек е предизборниот митинг на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата ,,За подобра Македонија’’.

Пред присутните беше претставен нивниот кандидат за градоначалник, Златко Пенков, а моментално свое излагање има Никола Груевски.

Почетокот на својот говор тој го започна со критики за СДСМ, и помеѓу другото, членовите на владеачката партија ги нарече биоенергетичари.

,,Ќе донеселе воздух, ќе донеселе живот, ќе донеселе слобода… Како ние да немаме воздух, живот, слобода… Што се тие, биоенергетичари ли се?’’ – праша Груевски.

Пред него, пред присутните се обрати пратеникот и поранешен градоначалник на Кавадарци, Панчо Минов кој изјави дека сигурно ВМРО ќе победи на изборите, бидејќи во тек на денот преврнало неколку пати, а тоа било знак за бериќет и доказ дека ќе имаат победа.

Вики Клинчарова

Поврзани новости