Пендаровски за реакцијата кон Апасиев: Свесно влегов во таа нечуена работа!

„Ако тој на таков начин се обраќа кон институциите и во секоја втора јавна објава вика ќе колеме, ќе бесиме, ќе ве стреламе, што ќе прави од позиција на власт?“

by Фокус

Претседателот Стево Пендаровски во интервјуто за неделникот „Фокус“ вели дека не се кае за неодамнешната жестока реакција кон лидерот на Левица Димитар Апасиев.

-Сосема свесно влегов во коментар на таа нечуена работа, не само кон мене, туку кон една институција. Можев да речам – не коментирам, нека му служи на чест. Но, во овој случај не станува збор за обичен граѓанин. Мене, како и другите политичари, на дневна основа, по социјалните мрежи секој ден нѐ нарекуваат со најразлични погрдни изрази, пцовки. Меѓутоа, едно е приватно лице-граѓанин да го прави тоа, а сосема друго е кога имаш пратеник, кој претендира утре да биде власт. Ако тој на таков начин се обраќа кон институциите и во секоја втора јавна објава вика ќе колеме, ќе бесиме, ќе ве стреламе, што ќе прави од позиција на власт? Сакав да предупредам дека тоа е многу опасна пракса – посочува Пендаровски.

Откако Апасиев упати пцовка кон Пендаровски, тој за лидерот на Левица употреби зборови како психопат, ушмркан и гнида од човек, што покрена дебата дали оваа реакција кон провокацијата е соодветна.

Целото интервју прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Разговараше
Влатко СТОЈАНОВСКИ

Поврзани новости