Пендаровски за Фокус: Мандатот ќе му го дадам на оној што ќе ме увери дека има 61 пратеник

by Фокус

Уставната норма од членот 90 за доделување на мандатот е кристално јасна – мандатот го добива кандидатот на партијата или партиите што имаат мнозинство во Собранието и тука претседателот нема буквално никаков маневарски простор, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за најновиот број на неделникот Фокус.

-Не се предвидени никакви дополнителни условувања, од типот на барање на гаранции за унитарниот карактер на државата, реформи во службите за безбедност итн., сето она што го гледавме во 2017-та и што претставуваше флагрантно кршење на највисокиот правен акт. Најконкретно, ќе го доделам мандатот на кој било претставник на која било од 6-те изборни листи кои освоија пратеници во парламентот, кој ќе ме увери дека има мнозинство од 61 пратеник – вели Пендаровски.

Целото интервју прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости