Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, открива каков подарок добил од сопругата и синот за роденденот што го прослави неодамна.
-Беше кампања и немавме време да прославиме, дури и тоа мораше да биде дел од кампањата. Добив машна, кравата – вели Пендаровски во интервју за „Ексклузив“ на 1ТВ.
Тој додава дека со сопругата и синот се договориле вртоврската да ја носи на инаугурацијата доколку победи на изборите.
За својот син, кој има 17 години, вели дека не ја сака политиката, но дека политиката е нужно зло во неговото семејство.
-Инсистираме да не личи на нас, освен она што е генетика, физички изглед. Инаку мој совет би му бил да не личи на мајка му и татко му, туку да биде свој – вели Пендаровски.
Зборувајќи за неговите афинитети и за она што го прави среќен, Пендаровски вели дека највероајтно во претходниот живот живеел околу Медитеранот, бидејќи, вели, се смета за медитерански човек. Го издвојува Оливер Драгојевиќ како еден од најомилените музичари.