УЕФА повторно му задава главоболки на Милан

by fokus

Италијанскиот гигант Милан се соочува со нова казна од Европската фудбалска федерација (УЕФА) поради прекршување на правилата за финансиски фер-плеј оваа и претходната сезона.

Во нов случај, различен од оној во декември минатата година, кога „росонерите“ платија 12 милиони евра казна, независни истражители испратиле документи до Управниот суд на УЕФА.

Милан се уште е под условна казна од една година забрана за играње во Европа до јуни 2021 година, поради огромни финансиски загуби во тригодишниот период до 2017 година.

Засега не е познато кога ќе се донесе конечна одлука. 

Поврзани новости