Пендаровски во вторник ќе се сретне со Макрон во Париз, откако на гости му дошол шефот на француското разузнавање

by Фокус

Претседателот Стево Пендаровски следната недела ќе престојува во Франција каде што ќе учествува на Парискиот мировен форум, при што најверојатно во вторник, на 12 ноември, ќе се сретне и со францускиот претседател Емануел Макрон, велат извори од претседателскиот кабинет на Водно.

Станува збор за прелиминарно договорена средба за која се уште нема дефинитивна и официјална потврда, која, според добро упатени дипломатски извори за Фокус, не се реализира преку дипломатски канали, туку оди преку безбедносни канали.

Имено, нашите извори велат дека во неформална посета на земјава неодамна бил шефот на француското разузнавање, кој се сретнал со Пендаровски во претседателската вила на Водно, под чија надлежност всушност е македонската Агенција за разузнавање.

Токму на оваа средба, велат нашите соговорници, бил направен иницијалниот обид за средба меѓу македонскиот и францускиот претседател, која најверојатно ќе се оддржи во вторник.

Инаку, ова треба да биде прва средба на македонски државен функционер со Макрон, по одлуката на Франција да спречи почеток на преговори на Македонија и Албанија со ЕУ.

В.С.

Поврзани новости