Рамчиловиќ ја напушта осумката, излегува од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Пратеникот Зеќир Рамчиловиќ ја напушти независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и веќе дејствува како независен пратеник. За својата одлука пратеникот го известил претседателот на Собранието, Талат Џафери.

„Фокус“ стапи во контакт со пратеникот Рамчиловиќ, кој ни ја потврди информација, но најави дека изјава за јавноста ќе даде по завршување на собраниската седница.

Рамчиловиќ доаѓа од партијата Здружение за културно обединување на Бошњаците, а потоа стана дел од осумте пратеници, од кои повеќето се отцепија од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости