Не очекувам меѓуетничка криза без разлика кој ќе биде на власт, меѓутоа неспорно е дека главниот опозиционен политички субјект ВМРО-ДПМНЕ кој ја поддржува госпоѓата настапува со силна националистичка реторика и точно е дека од другата страна има националистички провокации кои не би сакале да ги гледаме после триесет и кусур години независна држава, рече претседателот Стево Пендаровски на третата претседателска дебата на Канал 5 телевизија.
Според него е непринципиелно да се издвојува една општина во Скопје и да се кажува дека таму има вакви и вакви сознанија, во ситуација кога ВМРО-ДПМНЕ е дел од техничката влада и го има министерот за внатрешни работи.
-Зашто Тошковски не ги уапси луѓето и да каже дека некој да помислите дека ќе имате шанса да направите некаков проблем во изборниот процес. Да реагира МВР промптно и да ги казни тие кои наводно уште сега се закануваат дека ќе биде не знам што на изборниот ден, посочи Пендаровски.