Пендаровски: Ветингот сега мора да биде задолжителен, во склад со нашето законодавство

by Fokus

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, во дебатата на МТВ се осврна и на темата за реформи во правосудството.

„Ветингот мора да биде овој пат задолжителен. И јас во тоа и мојата лична одговорност ја гледам. Во 2016 година бев предводник во ИЕ1 за тие избори, слушајќи ги луѓето во Брисел, а тие водејќи се од искуствата од Албанија, рекоа немојте, затоа што секој трет помина таму во правосудството“ рече Пендаровски.

Пендаровски порача дека овој пат ветингот мора да се направи согласно македoнското законодавство.

„Да ги провериме имотите прво на политичарите. Не мислам дека има едно дувло, еден центар, за жал, зафатени се повеќе високи центри и во судството и во обвинителството и во политиката. Такви дувла има и во центрите на економска моќ, кои не се во политиката, не се во судството и не се во обвинителството“ рече Пендаровски.

Претходно актуелниот шеф на државата рече „јас имав еден принцип кога го почнав мојот мандат, реков во време кога сум претседател овие пет години мислам дека е непринципиелно да барам повеќе ингеренции и се разбира, вториот принцип е во моите пет години да не дозволувам да ми ги земат ингеренциите“.

„Значи, ако ме прашувате сега од позиција на човек кој се кандидира за, да препоставиме дека се уште не сум претседател, јас би рекол дека суспензивното вето треба да премине во апсолутно вето, затоа што претседателот неспорно има широк, народен, граѓански легитимитет поради начинот на кој се бира, значи од сите граѓани во државата. А вака ќе ти го вратат и во рок од ден, два, три мораш да го потпишеш тоа ако е со мнозинството кое го бара Уставот. Значи, во тој дел да, во однос на другите потребни промени на Уставот не мислам дека е потребен цел устав да се менува, мислам дека имаме поприоритетни работи во однос на Европската интеграција, да ги ставиме Бугарите во Устав сум за тоа и ако се отвора уставот се разбира да има две третини за сето тоа, бидејќи без две третини не може да го направите тоа да 20% станат албански јазик, бидејќи таа е еуфемизам која има потреба да биде користен“ рече Пендаровски.

Тој посочи дека се потребни уставни измени за да продолжи патот кон интеграција во ЕУ.

„Јасно е дека ако влеземе во уставни промени ова што го заговараме некои од нас во однос на тоа дека Бугарите треба да ги ставиме во устав заедно со други пет делови од народи, значи ако се отвора уставот, не би требало да се отвора секој понеделник, ако го отвораме можеме да го промениме и делот на овие 20%, се разбира и во делот на од суспензивно во апсолутно вето. Значи, немам дилеми околу тоа. Не велам дека само за апсолутно суспензивно треба да се менува устав, меѓутоа ако веќе го отвораме за ова што ни е главна пречка кон Европската Унија треба да го направиме тоа. Инаку, вложив две вета, не едно. Првото е за диви градби на оваа коалиција која ме предложи и најавив две други кои не дојдоа до мене бидејќи знаеа дека ќе ставам вето и на тие. Јас сум човек претседател кој дал најмногу вета во историјата на Македонија“ посочи Пендаровски.

Поврзани новости