Ахмети до Мицкоски: Пораснат си со гурабии, не си ја барај бељата, бирај ги зборовите, уште си млад

by Fokus

Лидерот на ДУИ – Али Ахмети вечерва од митингот на плоштадот „Македонија“ во Скопје, му порача на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека бил пораснат со гурабии и бисквити.

Тој му порача да внимава што зборува бидејќи уште е млад.

„Јас патував малку подолго и одвај чекав да дојдам тука кај вас за да му кажам неколку зборови на Христијан Мицкоски. Христијан Мицкоски е пораснат со гурабии, Христијан Мицкоски е пораснат со бисквити. Јас сум пораснат во кула од камен што три пати е изгорен од поробувачите. Христијан, народот мој вели дека камен по камен се гради тврдината, збор по збор започнува бељата, не започнувај беља. Не започнувај беља и бирај ги зборовите, уште си млад“, порача Ахмети.

 

Поврзани новости