662
Во вечерашното гостување во 24 Отворено, претседателот Стево Пендаровски рече дека тој не верува во приказните дека Горан Грујовски работи како готвач на некој грчки остров.
-Јас ако бев на место на на грчкиот Врховен суд и држава и да го имам шефот на петтата управа надлежна за прислушување од соседна држава со која 20-30 години не бевме во пријателски односи и јас ќе имав, такво правно толкување. Да не сме наивни, вие верувате во приказните дека тој работи како готвач во ресторан на некој грчки остров?, рече Пендаровски.