Пад на температурите и до -8 степени

by fokus

Врнежите кои ја зафатија нашата држава ќе престанат и истите ќе се повлекуваат кон југ и југоисток. Нашата територија ќе биде под влијание на значително постудена воздушна маса која се спушта од североистокот на Европскиот континент и истата наутро речиси насекаде ќе условува негативни температури на воздухот кој ќе условат појава на мраз. Истите особено утре ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 2 степени. Релативно ниски ќе бидат и максималните дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 денес и од 1 до 9 утре.

Позначителен пораст на максималните температури на воздухот ќе имаме за време на викендот кој доаѓа кога ќе бидеме под влијание на значително потопла воздушна маса од југ.

Времето ќе биде променливо облачно, локално ќе има појава на сончеви периоди, во петок ќе има услови за локален и слаб дожд и тоа на крајниот запад. Во текот на вечерта локални врнежи од дожд очекуваме во поголемиот дел од западната половина на државава, на високите планини ќе има услови за врнежи од снег.

Локални слаби врнежи од дожд и снег на повисоките планини ќе има и за време на викендот, особено во сабота и тоа повторно претежно на запад. Температурите на воздухот пак за викендот ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 12 во сабота и од 7 до 15 во недела. Исто така по одделни котлини и речни долини ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости