Пендаровски утре ќе се сретне со Вселенскиот патријарх Вартоломеј

by fokus

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Република Турција, утре во Истанбул ќе се сретне со Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов Рим и Вселенски Патријарх, соопшти Кабинетот на претседателот.

Пендаровски денеска се обрати на лидерскиот панел на тема: „Како можеме да ја зајакнеме регионалната солидарност во поглед на научените лекции?“, во рамки на неговото учество на Анталија дипломатскиот форум, што се одржа на тема: „Иновативна дипломатија: нова ера, нови пристапи“, соопштија од неговиот Кабинет.

Претседателот Пендаровски се осврнал на состојбата предизвикана од Ковид-19 во земјите од Западен Балкан, истакнувајќи дека сите бевме сведоци како би изгледала нашата реалност доколку секоја земја остане сама и доколку сите механизми за соработка развиени во минатото, бидат целосно или делумно напуштени.

Поврзани новости