Короната го зголемила морталитетот за 26 проценти

by fokus

Бројот на починати лица во во 2020 година, годината кога почна ковид-пандемијата, се зголемил за 26 проценти во однос на претходната година. Во 2020 година регистрирани се 25 775 починати лица, додека во 2019 година бројката на починати е 20 466 лица, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика за морталитетот во 2020 година.

Поголем број починати се од машки пол, и тоа 13 914 или 54 отсто од вкупно умрените лица. Бројот на починати доенчиња изнесува 108 и нивното учество во вкупниот број на умрените лица изнесува 0.4 % на 100 умрени лица.

Според месецот на смртта, најголем број случаи се во месец ноември (3 847), кога беше вториот бран на пандемијата.

Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71.6 години, односно 75.3 години кај лицата од женски пол или за 3.7 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.

-Како и во минатите години, најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем, и тоа во 41.6 % случаи од вкупно умрените, неоплазмите со 15.2 %, потоа следат умрените лица како последица од пандемијата на КОВИД-19 со 10.9 %, со 5.8 % се застапени случаите кај кои причина за смрт се болестите на респираторниот систем , додека умрените кај кои причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичните болести се застапени со 5.3 % од вкупно умрените, а со 3.7 % се умрените лица кај кои причина за смрт се болестите на нервниот систем и следат останатите, но со помала застапеност, соопштуваат од ДЗС.

Поврзани новости