Пендаровски: Убеден сум дека светот ќе биде подобро место за живеење ако сме сите еднакви

by Fokus

Верувам дека секој ваков собир придонесува за кревање на гласот, за исправање на овие неправди, рече кандидатот за претседател Стево Пендаровски на денешниот осмомартовски традиционален марш за денот на жената.

„Цврсто сум убеден дека светот ќе биде подобро место за живеење само и само ако сме сите еднакви“, рече Пендаровски и кажа дека светот нема да биде ист без присуство на дами, без нивна инспиративност, креативност и топлина и неизмерната љубов.

„Продолжуваме заедно за глобален свет на еднакви права. Денешниот собир нека биде поттик да веруваме во еднакви можности за сите. Затоа да најдеме сила и да го подобриме светот“, додаде Пендаровски.

Поврзани новости