Претседателот на државата, Стево Пендаровски, по состанокот на Советот за безбедност изјави дека состојбата во земјата и регионот е стабилна и дека нема индиции дека би се загрозил нашиот суверенитет.
– Ја одржавме осмата седница на Советот за безбедност, а присутни беа стандардните членови на Советот. Главна точка беше политичко-безбедносната состојба во земјата и регионот. Советот заклучи дека состојбата во земјата и регионот е стабилна и нема индиции дека би се загрозил нашиот суверенитет.
Сепак, најголемата криза и најголемиот предизвик за нас е пандемијата, бидејќи таа има влијание врз економијата и здравјето, но не очекуваме дека ќе влијае на безбедноста во земјата, изјави Пендаровски.
Тој истакна дека на состанокот разговарале и за 5Г мрежата.
-Втората точка за која дискутиравме на Советот беа безбедносните состојби за воведување на 5Г мрежата кај нас. Заклучивме дека владата и другите организации треба да ги следат препотаките од НАТО. Заклучивме дека МНР треба да подготви меморандум каков што потпишаа и други членки на Алијансата – изјави Пендаровски.