Кичеец на 12 октомври треба да се појави во затворот во Шутка

by fokus

Зоран Милески-Кичеец на 12 октомври треба самиот да се појави во затворот „Скопје“, во Шутка, каде што треба да ја издржи 3-годишната затворска казна.

Тој веќе го примил упатниот акт од Кривичниот суд, во кој е наведено дека на 12 октомври треба да оди зад решетки.

Кичеец беше осуден во случајот „Рекет“, по признание на вина, а Апелација му ја потврди казната иако тој се жалеше и бараше помала казна.

Поврзани новости