Пендаровски со порака за сочуство до семејството на Буштур: Загубивме вредна и пријатна личност

by fokus

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски упати сочуство до семејството на Благоја Георгиевски Буштур кој синоќа загина во сообраќајна несреќа кај Кисела Вода.

„Искрено сочувство до семејството и пријателите на Благоја Георгиевски – Буштур. Ќе остане запаметен како еден од најголемите македонски кошаркари на сите времиња. Неговите блескави партии во дресот на Работнички како и настапите за некогашната југословенска кошаркарска репрезентација ќе останат врежани во македонската колективна спортска меморија. Загубивме кошаркарска легенда, посветен спортски работник, ведра и пријатна личност“, напиша Пендаровски во пораката.

Поврзани новости