Во судница се презентираат фотографии од брендираната облека на Боки 13, но и од неговиот луксузен стан

by fokus 14:31
14:31

На денешното рочиште за случајот “Рекет” обвинителството ги изведуваше материјалните докази кои ги обезбедило при претресите во домовите на обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева.

Обвинителката Ивана Трајчева читаше што се било запленето во домот на Боки 13, односно од брендирани очила, чанти, шешири и каиши до капути и чизми.

Целокупната брендирана облека била спакувана во 71 црна вреќа.

- Advertising -

Откако обвинителката зврши со читањето, на видео бим во судницата беа прикажани и фотографии од луксузно опремениот стан на Боки 13. На фотографиите беа прикажани сите соби од станот на обвинетиот, начинот на кои се уредени, но и се она што било запленето. Присутните во судница имаа можност и секое парче брендирена облка да го видат на фотографија.

На крајот беше прикажан и камионот со кој се однеле доказите, спакувани во вреќи.

Боки 13 реагираше од место и прашуваше дали во вреќите имало ѓубре, бидејќи, како што рече, обвинителката Трајчева не објаснувала што гледаат присутните во судница.

И по неколкуте предупредувања од судијката Васка Николовска Масевска, Јовановски продолжи со прашањата, како да не му е јасно што се прикажува.

-Сако и панталони. Не знам што не е јасно кога се гледа. Вие надобро од сите би требало да знаете што гледаме, бидејќи облеката е ваша, рече судијката.

В.В.

Поврзани новости